Пробиштип со европски пари ќе го реконструира Домот на културата
Општина Пробиштип ќе го реконструира Домот на културата со средства од Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Планирано е по реконструкцијата, во овој објект да се всели општинската администрација.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека во проектот тие се партнери на општина Рила од Бугарија, а за реконструкција на објектот се обезбедени 158.000 евра.
- Со проектот е опфатена целосна реконструкција на покривот на оваа зграда, поставување на комплетно нови врати и проозрци. Исто така и изградба на енергетски ефикасна фасада, а ќе се постават и сончеви колектори за загревање на водата. Со овој проект ќе создадеме предуслови за втората фаза, а тоа е внатрешно уредување. Тие средства ќе бидат обезбедени од наредниот буџет на општина Пробиштип, рече Тоневски.
Тој истакна дека откако ќе заврши реконструкцијата и уредувањето на канцелариите, општинската администрација од сите одделенија и едношалтерскиот систем ќе се всели во овој објект.
- Сега навистина имаме проблем со канцелариите кои се во сопственост на општина Пробиштип, односно се во две згради. Во едната зграда се присутни повеќе министерства, со што ја отежнуваме услугата која што ја нудиме кон граѓаните, односно ги шетаме од една во друга зграда. Овде е сосема соодветна зграда и во наредната година се надевам дека општина Пробиштип ќе биде преселена токму во оваа зграда, вели Тоневски.
Вработените од Домот на културата ќе бидат сместени во новата зграда на Кино салата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави