Македонија
27. March 2022 - 18:28

Пробиштип: Малолетник повреден од испукана дијабола од воздушна пушка

На 26.03.2022 во 17.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Итна медицинска помош со повреда бил донесен малолетник од Пробиштип. Според пријавеното, повредата настанала од испукана дијабола од воздушна пушка, соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот.