Признанија за општествено одговорни компании за 2015 доделени на 16 компании во Тетово
Шеснаесет претпријатија од Тетово денеска добија признанија за општествено одговорни компании за 2015 година поради нивниот придонес во повеќе области, но пред се вработување на млади и зачувување на животната средина.
Признанијата беа доделени на свеченост организирана од страна на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) на општина Тетово со поддршка на мрежата ЈЕС од УСАИД во големата сала на Советот на општина Тетово.
Според претседателот на ЛЕСС Ахмед Ќазими тие како институција работат скоро две години на поврзување на бизнис заедницита со образовните и други институции во општината со цел што подобро подготвување на младите за пазарот на трудот.
- Локалниот економско социјален совет е советодавно тело на општината во кое се вклучени владини институции, невладини организации, како и бизнис секторот. Досега имаме реазлизирано повеќе проекти како анализа на пазарот на труд и потребите на бизнис заедницата во Тетово, обуки за дизајн на 50 лица, обука заедно со Агенцијата за вработување преку европските фондови за заварувачи, образование на 150 лица кои не го завршиле средното образование во средното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово и така натаму. Наградите за општествено одговорните компании ги вреднуваат нивните инвестиции, активности и донации што придонесуваат за развој на општина Тетово и покажуваат општествена одговорност при остварувањето на своите економски цели тоа да го прават на одржлив начин за општеството, изјави Ќазими.
Веќе пет години од мрежата Јес која е во рамкие на проект на УСАИД подржува формирање на вакви советодавни тела низ целата државата, а соработуваат и со 7 партнер општини во Македонија.
- Очигледно е дека вештините што ги добиваат младите по завршувањето на нивното образование не одговараат о голем дел на бизнисот и тие не можат веднаш да се вклучат во производниот процес. ЛЕСС во општина Тетово е едно од првите формирани вакви тела и тоа што го карактеризира е големата вклученост на локалната бизнис заедница во неговата работа поради што и има такви резултати, рече директорот на проектот мрежа ЈЕС на УСАИД Ѓорѓи Кушевски.
Наградените компании за општествена одговорност во општина Тетово за 2015 година беа поделни во повеќе области како образование, култура, спорт и рекреација, животна средина, отворањена нови работни места, финансиска подршка на ученици и студенти и инвестиции од дијаспората.
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот