Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Лазар Личеноски

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режин на дел од улицата Лазар Личеноски.
Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица Лазар Личеновски, од утре (28.07.2019 година, недела) па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица Самоулова и бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале.
Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
