-->
-->
Приведено лице од Албанија кое се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ од Интерпол-Швајцарија
-->
Дваесет и седумгодишно лице од Република Албанија е приведено вчера попладне на Граничниот премин „Долно Блаце“ за кое е констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ од Интерпол-Швајцарија.
– На 31 јули 2021 во 18:30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, од полициски службеници бил лишен од слобода П.Е.(27) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ од Интерпол-Швајцарија, соопшти МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата