Приведениот од Шуто Оризари, бил возач, а не советник, тврди кабинетот на Курто Дудуш
- Вработениот во општина Шуто Оризари, за кого Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп, а СВР-Скопје поднесе кривична пријава, не бил советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, туку бил возач, соопшти денеска Кабинетот на градоначалникот.
С.М. (40) беше приведен на 27 февруари во попладневните часови во просториите на општината, а медиумите пренесоа дека тој бил советник на градоначалникот.
- Истиот ден во медиумите се појавија невистините информации дека се работи за лице кое е советник на градоначалникот на Шуто Оризари. Во одредени медиуми беа пласирани и неточни информации дека и градоначалникот е во притвор и примал мито. За сите невистинити и неточни информации, кои проциркулираа во јавноста и кои го нарушија угледот и честа на градоначалникот на општината, како и рејтингот на општината веќе се во тек постапки против соодветни инстанци, се вели во соопштението.
Кабинетот на Дудуш нагласува дека општината Шуто Оризари и градоначалникот имаат јасни заложби за борба против корупцијата, зачувување на законите и имплементирање на правда, врз кое било правно или физичко лице.
- Граѓаните на РМ очекуваат спроведување на целосна, а не селективна правда врз сторителите на кривични дела без разлика дали се работи за случаи на мито од илјада денари и мито и корупција од милионски суми, додаваат од Кабинетот на Дудуш.
Осомничениот како вработен во општината Шуто Оризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие, кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопшти денеска Обвинителството
Ново на Сител
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар