Приведени три лица во Велес за пронајдена дрога
Три лица, од кои две од Кочани и едно од Велес, денеска се лишени од слобода, осомничени дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тројцата биле приведени од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес.
МВР соопшти дека во близина на расадник во Велес, околу 6.30 часот полицијата ги затекнала Е.М.(35) и С.В.(39) од Кочани, кои биле паркирани со патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, како купуваат дрога од Д.В. од Велес.
-Откако ги забележале полициските службеници, Е.М. од прозорецот на возилото исфрлил поголемо пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено, а двете лица се веднаш приведени во полициска станица. Малку подоцна е приведен и Д.В., во чиј дом и помошни простории, по наредба на судија за претходна постапка од Основен суд Велес, бил извршен претрес, при што се пронајдени три пакувања со марихуана и една вага, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
