Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти“
Инспекторите од Одделот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера ги приведоа A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска до ОЈО за организиран криминал и корупција против А.Б. и Н.С. е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Криумчарење на мигранти“.
Како што соопштија од МВР, вчера во 17 часот на излез од државата на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје “ се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се нивни. Во нивна придружба патувала и второпријавената Н.С., која ги спроведувала двете женски лица со туѓи патни исправи, поради што трите биле приведени во полициска станица.
При извршен службен разговор, С.В. за себе дала податоци дека е Л.П.(33) од Косово, а Б.Л. дека е Е.Х.(18) од Косово и појасниле дека со провопријавениот А.Б. биле договорени тој да им организира превоз од Р. Косово до Меѓународен аеродром Скопје и да им овозможи да заминат во Р. Франција со туѓи патни исправи, за одреден паричен надомест.
-Притоа, А.Б. заедно со второпријавената Н.С., која ја претставил како негова сопруга, со возило џип „мерцедес“, со француска национална ознака ги земале од Косово и ги пренеле преку косовско-македонската граница. Н.С. ги потврдила нивните наводи и појаснила дека таа требало да им помогне да заминат за Франција, соопштија од МВР.
Оттаму дополнуваат дека по распишана потрага по А.Б., тој околу 23.30 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Белановце и по извршениот разговор комплетно го појаснил делото, додавајќи дека тој им ги дал туѓите патни исправи со цел да заминат во Франција.
По насоки на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК Скопје, Л.П. и Е.Х. биле сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека првопријавениот и второпријавената ќе бидат изведени пред Судија за претходна постапка.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
