-->
-->
Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети
-->
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во 10:00 часот во Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, Струмичко.
Како што информира МВР, тие се сомничат дека ноќта на 23 септември годинава извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица. Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени