Приведени крадци во Автокоманда, кај нив пронајден и пиштол
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 04.01.2023 во 18.55 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје ги лишиле од слобода С.М.(22) од Босна и Херцеговина, со живеалиште во Шуто Оризари – Скопје и М.С.(20) од Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена во подрумски простории на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје и еден пиштол „Берета“.
- Предметите им биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот, а тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
