-->
-->
Приведени крадци, едниот се барал и за издржување затворска казна
-->
МВР информира дека денеска, во 11:15 часот на ул.„Вера Радосавлевиќ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Х.С.(58) од Гостивар, со престој во село Арачиново, скопско и арачиновецот В.А.(57).
-Тие биле затекнати при извршување кражба. По преземени мерки било утврдено дека денеска тие извршиле три кражби, кои се расчистени. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека Х.С. бил баран за издржување затворска казна, известуваат од МВР.
Тој ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука