Приведени две од трите лица кои повредија малолетник на Рекорд
Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје.
Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, утрово се приведени две од трите лица кои се учесници во настанот, а во моментот во СВР Скопје се преземаат мерки на документирање и целосно расчистување на случајот.
- Приведените лица во целост го признаваат ова дело и кон нив во текот на денот или во наредните денови ќе биде поднесена кривична пријава. Против третото лице СВР има распишано централен распис и по него се уште се трага, рече Велковски.
Двете приведени лица за настанот се среднокшколци во гимназијата „Цветан Димов“, а инцидентот се случил, како што рече Велковски, по вербална расправија при влегување и излегување од автобус број 57 за која истрагата треба да покаже за што била.
Велковски на новинарско прашање рече дека не станува за организиран настан како што сака да се прикаже во јавноста дека навивачката група „Шверцери“ стои позади овој инцидент. Утрово имале средба со претствници на клубот „Шкупи“ и „Шверцери“, кои негирале дека лицата се членови на нивната навивачка група.
Инаку, малолетникот е вон животна опасност. Во нападот што се случи на 1 март околу пладне на постојката Рекорд на малолентикот му беше нанесена убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот.
Ново на Сител
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден
-
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос