Приведени две момчиња за убиството на детето на Матка
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредби за спроведување на истражна постапка против две 19-годишни лица, осомничени за убиството на Матка.
Едното лице е осомничено за сторено кривично дело – Убиство, од член 123 од Кривичниот законик, додека второто е осомничено за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 од Кривичниот законик. Двете лица се лишени од слобода и против првото до судија на претходна постапка ќе биде поднесен Предлог за определување на мерка притвор, додека за второто лице ќе бидат предложени мерки за претпазливост.
Во исто време, надлежниот јавен обвинител работи на целосно расветлување на мотивите за кривично правниот настан, во кој освен убиеното момче, било повредено уште едно лице во блиско крвно сродство со убиениот. За таа цел издадена е Наредба за обдукција на телото на починатиот, наредби за ДНК анализа, како и наредби за вештачење на сите траги и предмети пронајдени на лице место, а кои се во врска со кривично-правниот настан.
Освен двете осомничени лица, обвинителот сослуша и други три лица испитувајќи ги околностите во кои се случил настанот.
Ново на Сител
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника