-->
-->
Приведени две лица од Велес поради поседување кокаин
-->
На 13.04.2021 во попладневните часови на автопатот Скопје-Велес, пред наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, го лишиле од слобода Д.К.(24) и А.А.(31), двајцата од Велес, бидејќи при преглед извршен на патничко возило џип „ауди“, управувано од Д.К., каде како сопатник бил А.А. , и личен преглед бил пронајден кокаин.
Лицата се приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Велес, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетите пречекани со ликот на жртвите од Пулс - родителите гневни што никој не чувствува вина
-

Кривична пријава против Костадинов за проектот со електричните автобуси
-

Мицкоски најави партиско освежување по Конгресот во сабота, владина реконструкција на пролет
-

Чучуљ е на чело на Антикорупциска - вети отчетност и транспарентност
-

Град Скопје најавува засилени контроли поради загаденоста - Дневно во Клиниката „Козле” по 150 прегледи на болни деца
-

Презентирана нова интернет платформа за следење на општинските проекти финансирани од Владата
-

Дебата: Kаква ќе биде иднината на медиумите во Македонија?
-

Преглед на вестите од светот
