Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
Двајца штипјани на возраст од 38 и 20 години заработија кривични пријави и определена им е мерка притвор, бидејќи постојат основни сомненија за сторено кривично дело изнуда и палење на автомобил.
Според соопштението од СВР-Штип, кривичната пријава е поднесена против 38-годишниот К.А и 20-годишниот М.М, двајцата од Штип, за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
- По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „Сеат Леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари, се наведува во соопштението од СВР-Штип.
Во него се посочува дека двајцата биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог