-->
-->
Приведени двајца штипјани кај кои е пронајден хероин
-->

Денеска (21.04.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полуција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија на наплатна рампа "Миладиновци" ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип.
Имено, при извршена контрола на патничко возило "голф", со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин.
Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
