-->
-->
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-->
Нa 26.07.2025 во 23.20 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода двајца малолетници од Струмица на возраст од 17 и 14 години.
Имено, во 23.30 часот на место викано „Монополот“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, кое претходно во полициската станица Струмица било пријавено за одземено, а било управувано од 17 годишниот малолетник, а сопатник бил 14 -годишникот.
Во полициската станица Валандово бил извршен разговор со лицата во присуство на вработен од Центар за социјални работи Валандово, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Возилото е одземено и ќе биде вратено на сопственикот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници