Приведени десет лица од кои пет малолетнички во локал во Тетово
Во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово.
Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци. Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја.
Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
