-->
-->
Приведени четворица дилери во Тетово, двајца од нив се малолетни
-->
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 22 часот и 45 минути на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, ги лишиле од слобода 25-годишниот тетовец А.Ј. и 20-годишниот К.Ш. од тетовско Селце, како и двајца малолетници од Тетово на возраст од 16 и 17 години.
При нивен и преглед на две возила „Сеат ибица“ со тетовски регистарски таблици и „Опел корса“, исто така, со тетовски таблици, пронајдена е марихуана.
Лишен од слобода и во Полициската станица Тетово задржан е и 23-годишниот А.Ј. од Тетово, кој ги спречувал полициските службеници во вршење на службените дејствија околу лишување на четирите лица.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест