Приведени четворица албански државјани кои илегално влегле во Македонија
Четворица алабански државјани кои нелегално влегле во Македонија биле приведени од полицијата од полициската станица Рогачево, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци албанските државјани на возраст од 20, 21, и двајца од по 25 години, сите од градот Кукс, нелегално влегле во земјава вчера околу 19 часот и 20 минути во месноста Раскрсница во близина на Јажинце.
- Тие веднаш биле забележани од полицијаците кои ги привеле сите четворица по што биле предадени за понатамошно постапување на Одсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија рече Јосифовски.
Според неговите најави во текот на денот четворицата илегалци ќе бидат изведени пред судија за прекршоци во тетовскиот Основен суд и се очекува да добијат глоба, протерување во нивната матична земја и забрана за влез во Македонија во траење од 3 до 5 години.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи