Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
На 10.08.2025 ви 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје – Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.
На 10.08.2025 во 02:55 часот, при сообраќајна контрола во Битола, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.
Додека на 08.08.2025 во 23.26 часот, полициски службеници од ОВР ресен го лишиле од слобода Б.Д.(43) од с.Ливада, струшко. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „бзобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните