Приведени 250 мигранти по тепачка во Москва

Руската полиција приведе 250 мигранти по тепачка пред еден трговски центар во Москва, изјави за ТАСС неименуван извор од полицијата.
Мигрантите барале средба со сопствениците на трговскиот центар.
– За да се спречат евентуални масовни немири, полицајците ги привеоа мигрантите и ги одведоа во полициска станица, изјави изворот на руската новинска агенција.
Инцидентот се случил откако обезбедувањето на трговскиот центар синоќа претепало државјанин на Таџикистан, кој таму работел. Мигрантот потоа бил пренесен во болница, со повеќе повреди, меѓу кои и потрес на мозокот. Потоа другите работници почнале тепачка со членовите на обезбедувањето. Подоцна се хоспитализирани уште тројца учесници во судирот поради повреди на главата.
Полицијата ги отфрли тврдењата на медиумите дека еден од мигрантите бил убиен за време на вчерашната тепачка.
Ново на Сител
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
-

Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
-

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката
-

Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е - 0,7 проценти, во групата Транспорт - 9,3
-

ЗОИ 2026: Втор настап на Ставре Јада на Игрите
