Приведени 17 луѓе поради заговор за атентат на молдавскиот политичар Влад Плахотнјук

Молдавското обвинителство соопшти дека се приведени 17 луѓе во Молдавија и во Украина под сомнение дека планирале атентат на еден од највлијателните политичари, Влад Плахотнјук.
Според молдавското обвинителство има докази дека две неименувани лица биле ангажирани за убиството на Плахотнјук, бизнисмен и лидер на Демократската партија, најголема формација во проевропската владејачка коалиција во Молдавија.
Едниот од нарачателите на убиството имал криминално досие и живеел во Москва. Полицијата тврди дека на осомничените им биле платени 100.000 долари и требало да добијат уште 200.000 долари.
Во Молдавија приведени се осум, а во Украина девет лица, кои ако се докаже дека се виновни може да бидат осудени на 15 години затвор. При нивното приведување пронајдено е оружје, радиостаници и средства за камуфлкажа.
Заговорот бил откриен од украинските власти кои ја алармирале Молдавија.
Ново на Сител
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
