Приведен жител на скопско Арачиново, пронајден пиштол кај него
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ. Имено, на 08.09.2020 околу 17,30 часот, од полициски службеници на клучка с.Арачиново кон населбата Ченто, извршен бил преглед на моторно возило “ауди А4“, сопственост и управувано од пријавениот. При прегледот на возилото под предното седиште пронајдени се еден пиштол „Tokarev TT-33“ калибар 7,62х25мм со рамка со 5 куршуми.
Пронајдените предмети со потврда се одземени од Н.Ј., а тој бил лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по што бил извршен разговор, а воедно бил известен и Јавен обвинител.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршени се проверки при што е констатирано дека пронајдениот пиштол не еевидира во службените евиденции на регистрирани оружја, односно истиот бил без дозвола.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов