-->
-->
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-->
Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.
- Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
