Македонија
21. October 2025 - 13:20

Приведен жител на Криволак, преку социјални мрежи му се заканувал на 67-годишник

 Жител на неготинското село Криволак бил приведен рано утрово поради закани преку интернет, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Денеска во 1:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода А.А., на возраст од 26 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа и платформа за интеренет комуникација, му се заканувал на 67-годишник од Неготино. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР - Велес.