-->
-->
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода
-->
На 25.07.2025 во 02.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с.Брвеница, тетовско.
При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот