Македонија
10. October 2025 - 13:01

Приведен тетовец, возел со 2,15 промили алкохол во крвта

На 09.10.2025 год во 23:05 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.Р.(53) од Тетово.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „нисан“ со тетовски регистарски таблички и при преземење мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.