Приведен српски политичар, искрши гласачка кутија на рефередумското гласање | ВИДЕО
Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, откако гласаше денеска на референдумот во Србија ја искрши гласачката кутија.
Српската полиција потврди дека тој е приведен и одредено му е задржување од 48 часа. На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного на своето избирачко место го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.
Се работи за автентична снимка и тоа го потврди Првото основно обвинителство. Тој е во притвор и одредено се сомничи за кривично дело по членот 159, односно „спречување на одржување на гласањето“.
Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Според информациите од медиумите, до 13 часот гласале 12 отсто од граѓаните на Србија.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден