Приведен скопјанец поради недозволена трговија со оружје и дрога
Полициски службеници од СВР Скопје на 18-ти овој месец го лишиле од слобода Р.Ј., за кој СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
– На 01.05.2020 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за интервентна полиција, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.З. и во пошироката околина помеѓу ул.„Алпи“ и ул.„Коце Металец“, при што биле пронајдени: автоматско огнено оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми кал.7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско огнено оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2382 грама хероин, се појаснува во денешното соопштение од МВР.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција