-->
-->
Приведен скопјанец поради фалсификување пари
-->
– На 25.08.2022 околу 15.20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот О.И. од Скопје поради сомнение за „фалсификување пари“, кривично дело казниво по член 268 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При лишувањето, како што посочуваат од МВР, кај него се пронајдени и одземени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Инаку, О.И. се сомничи, исто така, дека фалсификувани банкноти пуштил во оптек и на поширокото кичевско подрачје, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
