-->
-->
Приведен полициски службеник за примање поткуп
-->
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска (28.10.2020) околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357, примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ. И.С.од правно лице одКуманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности. Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
