Приведен македонски државјанин осомничен за двојното убиство во Тирана
Албанската полиција го лиши од слобода македонскиот државјанин кој претпладнево со истрели од огнено оружје усмрти две жени во Тирана.
-Како резултат на интензивните акитвности и опколувањето на пошрокото подрачје, полициските служненици го уапсија македонскиот државјанин Перпарим Адеми (59) осомничен за двојно убиство. Уапсениот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана, за понатамошна постапка, стои во полициското соопштение.
Како што претходно информраше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, македонскиот државјанин претпладнево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана, во населбата „Астир“ смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница и нејзината сестра Жанета Метани, пред очите на две малолетни деца.
Според првичните истражни дејствија, до инциедентот дошло по расправија меѓу Адеми и Барди околу продолжувањето на вобрачната заедница, која Барди сакала да ја прекине.
Адеми според полицијата пред неколку години го сменил претходното презиме Тела, живеел и во Македонија и во Тирана, а од пред неколку месеци само во Тирана.
Ново на Сител
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда