Приведен лихвар од Свети Николе
На 30.07.2021 во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станциа Свети Николе го лишиле од слобода О.Ц.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот