Македонија
13. April 2023 - 11:47

Приведен кумановец, расчистени повеќе кражби

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 09:45 часот го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово, кој се сомничи дека во текот на април 2023 од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети.

Од МВР денеска информираа дека С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.