Македонија
2. November 2022 - 11:35

Приведен кумановец кој пронашол платежна картичка и си ја употребил повеќе пати

 На 01.11.2022 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово.

Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.