Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
Осум мигранти се најдени во патничко возило со косовски таблички во близина на селото Богородица. Во возилото, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, најдени се седум мигранти од Сирија и едно лице од Египет. Возилото било управувано од 36-годишен државјанин на Косово.
Заедно со ова возило се движело и друго возило кое не застанало, а во него имало уште осум мигранти.
-Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с. Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово. При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет. Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство, стои во информацијата од МВР.
З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕК нема да биде многу поинаков од минатогодишниот
-
Општина Гостивар: Немало физички напад во просториите на седиштето на локалната самоуправа
-
Министерот за безбедност предлага забрана за социјалните мрежи за малолетници во БиХ
-
Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија се зголеми на 63
-
Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024
-
Конференција: Медиумската писменост во образованието ги оспособува учениците успешно да управуваат со информациите
-
Фатен бегалец од затвор по четири години поминати во бегство
-
Весиќ: Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга