Приведен криумчар на мигранти
На 07.02.2024 околу 21 часот во близина на хотел во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје. Околу 20 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил мигрантите. После тоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21.00 часот бил запрен и лишен од слобода.
По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари