-->
-->
Приведен криминалец од Тетово баран со потерница
-->
Тетовски полицајци вечерва успеале да најдат и да приведат 38-годишник од градот кој бил баран со судска потерница за да издржи казна затвор поради случај со противправно лишување од слобода и кражба . Тој треба да помине две години во затвор.
– Денеска во 18 часот полициски службеници од ПС-Тетово го приведоа М.Х. (38) од Тетово, кој со потерница се барал од Основен суд Тетово за издржување затворска казна во времетраење од две години, а во врска со член.141 став.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
Приведениот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Идризово во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници