-->
-->
Приведен криминалец од липковско, осуден на пет години и седум месеци затворска казна
-->
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 04:00 часот, го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.
Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО