Македонија
6. March 2021 - 16:25

Приведен криминалец баран од германската полиција

На Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници вчера бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија, бидејќи при извршената гранична контрола е констатирано дека е предмет на потрага во стоп листа со мерката „Апси“ во врска со меѓународна потрага по барање на Интерпол.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Тетово за понатамошна постапка.