Приведен кавадарчанец кај кого биле пронајдени примероци од заштитени птици
Полициски службеници вчера во 15.20 часот го лишиле од слобода Р.Ѓ., на возраст од 61 година, од Кавадарци, по претходно добиено известување од Државен инспекторат за шумарство и ловство, за држење и чување примероци од заштитени птици, информираат денеска од СВР Велес.
- Полициските службеници кај Р.Г. пронашле примероци на заштитени птици од видот „штиглец“ и „зеленки“, кои се одземени и предадени на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.
Рано изутрина во 3.35 часот, пак, во полициска станица во Неготино бил пријавен пожар на куќа.
-Од страна на полициски службеници се излегло на лице место. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид на лице место ќе се изврши во текот на денот, информираат од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат високи бонуси ако го елиминираат Арсенал
-
Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили
-
Пријавен одрон на пат при удар од цистерна кај Велес, 1 841 повик на 112 во последното деноноќие
-
Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак
-
Најмногу дожд во Прилеп и Берово, утринските температури од 6 до 12 степени
-
Трамп одбива да врати погрешно депортиран човек и покрај одлуката на Врховниот суд
-
Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми
-
Една жена загина, деветмина повредени во напад на украински дрон врз рускиот град Курск