-->
-->
Приведен грчки државјанин поради нудење поткуп
-->
Денеска (10.09.2023) во 20.10 часот на наплатна рампа Демир Капија полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Имено, Г.К. кој управувал товарно возило "сканија" со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, од кој се добиени насоки лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка