Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.
Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на Си-Ен-Ен Турк.
Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.
Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.
На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.
Ново на Сител
-

Помалку маркетинг, повеќе тренинг и здрава исхрана | Кирил Стојановски | Sitel Podcast 128
-

Студентите во блокада во Србија утре пред Ректоратот; 16 минути молчење и потсетување за неисполнетите барања
-

Сиљановска-Давкова од Подгорица: Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
