Приведен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава
На 02.09.2023 во 21.30 часот во с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А.(28) од с.Драчевица, скопско. Имено, претходно, во с.Батинци, скопско, полициски службеници забележало патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, кое го управувал Р.А. и кој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници. Притоа, совозачот почнал да фрла дрва од возилото, по што еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.
Возилото било сопрено во с.Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријaва.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска