-->
-->
Приведен дилер во Струмица, следуваат пријави
-->
На 14.11.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода З.Ј.(45) од Струмица, затоа што кај него е пронајдена марихуана.
Истиот ден, врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, извршен е претрес во неговиот дом во Струмица, при што се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. При претресот З.Ј. агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите против З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот