-->
-->
Приведен дилер во Скопје
-->
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, на 19 октомври го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани