Македонија
27. July 2022 - 12:25

Приведен дилер од Скопје за издржување казнa затвор од 44 месеци

Денеска (27.07.2022) во 11.10 часот на улица „Македонско-косовска бригада“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд  Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.