Приведен дилер на дрога во гевгелиско, пронајдени 60 стебла канабис
Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во атарот на село Миравци, на место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението Cannabis Sativa, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 стебла од растението Cannabis Sativa. Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот.
Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Cannabis Sativa. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три стебла од растението Cannabis Sativa.
По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот. Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија.
Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење