-->
-->
Приведен Чех поради фалсификувана патна исправа
-->
На Граничниот премин „Богородица“ вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода З.Л.(33) од Чешка.
При извршена пасошка контрола, информираа денеска од МВР, било констатирано дека неговата патна исправа била фалсификувана, односно биле направени промени во датумот на важноста.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
